Елмед доо, Скопје е компанија која ја гради својата успешна приказна на македонскиот пазар уште од 1991 година. Со тим заснован на професионалност и ентузијазам во пристапот кон најновите технологии во областа на индустриското обележување, превзема активности концентрирани во испорачување на интегрирани решенија за обележување, контрола, пакување и етикетирање на производите. Во 1995 година, тимот, експертизата и искуството го проширува и во доменот на продажба, инсталација, сервис и целокупна техничка поддршка на апарати во медицинскиот сектор.
Квалитетот е клучната причина во постигнувањето и одржувањето на високо ниво на доверливост од страна на клиентите во однос на нашата компанија вклучувајќи ги и брендовите кои ги застапуваме и истиот претставува платформа за постигнување на одржлив раст и развој. Таа доверба се темели на квалитетот и реномето, како и на високите стандарди креирани низ текот на годините. Квалитетното работење претставува основна определба на ЕЛМЕД која што својот лик го добива со воведување на Системот за управување со квалитет (QSM) за потребите на исполнување на стандардите.
Иднината припаѓа на модерните и иновативни компании кои грижливо планираат и стратешки управуваат со својата работа. Нашата мисија е: - постојано усвојување на нови знаења; - непрекинато подигнување на квалитетот на нашите производи и услуги; - следење и имплементација на сите техничко-технолошки достигнувања; - изработка на специфични решенија прилагодени на конкретни потреби; сѐ со цел на клиентот да му се овозможи достигнување на зацртаните цели и ќе го унапреди своето работење. Наша визија е да бидеме препознатливи и ценети како лидери во областа на обезбедување наменски решенија во индустрискиот и медицинскиот сектор преку квалитетот на опремата и поддршката која ја даваме за неа.
Имајќи во предвид дека квалитетна услуга или решение на клиентот може да му обезбеди само добро организирана иразвиена компанија, приоритет како во досегашното работење така и во иднина ни е формирање на тим кој во најкраток рок може адекватно да одговори на барањето на купувачот.
Тимот на ЕЛМЕД е составен од вредни, амбициозни и стручни лица кои го имплементираат своето знаење во доменот на продажба, поддршка и техничка служба 24/7 сѐ со цел нашите решенија да ги оправдаат очекувањата на пазарот и обезбедат максимална продуктивност, ефективност и ефикасност. Со цел за подобро ракување со опремата организираме специјализирани предавања и тренинг за корисниците.