About Us

ЕЛМЕД е генерален застапник на неколку врвни произведители на индустриска опрема за обележување. Од самиот почеток на своето постоење (1991год.) ја има стекнато довербата на повеќе светски реномирани фирми и има статус на овластен застапник и сервисен центар на територијата на Република Македонија. Основен приоритет на Елмед е да одговори на потребите на клиентите со гарантиран квалитет, осигуран сервис и следење на светските тенденции на индустриско обележување. Нашата цел секогаш била остварување успешни и долговечни партнерски односи со клиентите, со тоа допринесувајќи до ефикасност на производството, следливост на производите како и заштита на брендот.

>> ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ 
 

  • DOMINO – е водечки светски производител на системи за бесконтактно обележување. Познато е дека Domino апаратите се лидер во светот за ink jet маркирање. Познатите свтески компании како што се Coca Cola, Pepsi, Nestle и многу други веќе долго време ги означуваат своите производи со Domino маркирачите, што е повеќе од доказ за нивниот квалитет и традиционалната Англиска доверливост.
  • TOSHIBA – Нуди термотрансфер/термодирект штампачи, со врвен квалитет и перформанси, за баркодирање, етикетирање и програмирање RFID чипови, како и нивна апликација. Рангирана меѓу првите 10 компании во светот, Toshiba има вистинско решение за сите AUTO-ID потреби.   
  • COLLAMAT – произведува системи за етикетирање од 1958 година, со посебен акцент на едноставност, лесно управување и докажана доверба. Палетата на производи вклучува независни и модуларни системи, кои лесно се интегрираат во постоечките производни процеси.   
  • LOMA – Со повеќе од пола век искуство за изработка на системи за автоматска проверка на квалитетот според  потребите на клиентот, LOMA поставува нови стандарди во технологијата на детекција на метали и мерења на тежината.
  • TELESIS – е водечки производител на опрема за трајно обележување на метал. Палета на матрични и ласерски решенија се идеален избор за стандардни, но и за специјални наменски примени ширум светот.
  • FT SYSTEM – Од 1998 година, FT System се избори за водечка озиција во развојот и изработи комполетен спектар на системи за сите аспекти на контрола на спори и брзи линии за флаширање, било да се работи за станардни или уреди дизајнирани според потребите на производниот процес.  
  • WIEDENBACH – Wiedenbach Apparatebau Gmbh е водечки производител на ink jet  штампачи за специјални намени. Наменски решенија за обележување на екструдирани производи, кабловска, челична, автомобилска и електронска индустрија.
  • SISMA
  • REINER – е Германски производител на иновативни решенија за рачно обележување на производи.
  • ARMOR  –  Најголемиот производител на термал – трансфер рибони непрекинато ги унапредува своите производи и нуди потрошни материјали со врвен квалитет


Уште од 1996 год. Елмед ја насочува својата дејност и кон промоција, продажба и сервис на врвни апарати од областа на медицината. Нашата компанија е единствен застапник на:

  • ISKRA MEDICAL – Словенија производител на апарати за физикална терапија и медицинска козметологија,
  • SCHILLER - Апарати за кардио и пулмолошка дијагностика спезијализиран за сите типови на рентген апарати.

Врвниот тим на инженери на компанијата во секое време може да им пружи услуги на сите заинтересирани за набавка на нова или сервисирање на опремата која веќе ја поседуваат.

 

ПРОЕКТИ

Нашата компанија е насочена кон научно истражувачки дејности (проекти) кои се во функција на поттикнување и помагање на технолошкиот развој. Потпомогнат од  Министерството за образование и наука (МОН) и во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологиии (ФЕИТ), Елмед успешно го сработи развојно истражувачкиот проект “РАЗВОЈ НА ПРОТОКОЛ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ИЗОЛАЦИОНИ ВИСОКОНАПОНСКИ МАСЛА ШТО СЕ КОРИСТАТ КАЈ МЕДИЦИНСКИТЕ РЕНДГЕН АПАРАТИ”. Главен истражувач на горенаведениот проект е доц. д-р Христина Спасовска.

Latest News

Service 24/7

247en